Македонската олимпијка Ана Цветановска нема да настапи на утрешната трка како што претходно беше предвидено.

Од МОК информираат дека заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина.

Заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Цветановска нема да може да настапи на оваа трка.

Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време, информираат од МОК.