Загорските штрукљи и загорскиот багрем мед се два нови хрватски производи со заштитено име во Европската унија (ЕУ).

Европската комисија во Службениот весник на ЕУ на 7 март објави дека „Zagorje štruklji / Zagorje štrukli“ ја доби европската заштитена географска ознака, а „загорскиот багрем мед“ ја доби европската заштитена ознака на потекло.

Така, имињата на овие два производи се внесени во регистарот и се заштитени низ ЕУ.

Хрватското Министерство за земјоделство објави дека Хрватска сега има вкупно 35 земјоделски и прехранбени производи чие име е заштитено во ЕУ, што ја рангира на седмото место на ниво на ЕУ, пренесе Хина.

Истиот ден со загорските штрукљи и медот од багрем, унгарската ракија од праска беше додадена на листата на заштитени производи во ЕУ.

На ниво на ЕУ се заштитени 1.574 земјоделски производи и 257 алкохолни пијалоци, соопштено е од Брисел.