Дејмон Хил е еден од најпознатите Формула 1 возачи во историјата. Во интервју за „Билд“, Хил зборуваше за ривалството со Михаел Шумахер. Особено незаборавно беше Австралиското ГП во 1994 година, кога Хил и Шумахер се судрија и двајцата останаа без бодови. Тоа му одеше во корист на Германецот, кој на тој начин ја обезбеди титулата.
„Јас и Михаел одлично се согласувавме, но на патеката се мразевме“, започна Хил.
„Со било каков друг вид на размислување, невозможно е да се стане светски шампион. Нема простор за добрина. Мора да ја искористите секоја слабост на другиот возач. Михаел беше мајстор на тие психолошки игри. Тој често правеше да се чувствувам бескорисно и неталентирано“.
Сепак, на крајот имаше неколку убави зборови за својот стар ривал.
„Беше исклучително конкурентен, но надвор од патеката беше многу топла личност“.
Шумахер во кариерата освои дури седум светски титули, што и денес останува рекорд. Неговиот рекорд го израмни Луис Хамилтон. Хил во кариерата освои една титула светски шампион, онаа од 1996 година во болидот на Вилијамс.
Текстот Хил: Шумахер правеше да се чувствував бескорисно и неталентирано е превземен од МАКФАКС.