Висок функционер на Хамас изјави дека има големи шанси да ослободат шест заложници во сабота, објавија денеска израелските медиуми.
„Преговорите се во тек, и тие зависат од цената што Израел е подготвен да ја плати“, изјави неименуван функционер на Хамас, според Тајмс оф Израел.
Тој додаде дека Хамас во моментов бара од Израел да се согласи да преговара за втората фаза од договорот за размена на заложници, како и да обезбеди гаранции за хуманитарни прашања и да дозволи испорака на мобилни домови и тешка градежна опрема во Газа.
Текстот Хамас: Има добри шанси да ослободиме шест заложници во сабота е превземен од МАКФАКС.