Ерлинг Халанд игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд и ќе биде тешко да се задржи во екипата следната сезона. За Норвежанецот има понуди, а една од нив е од шпанскиот гигант Барселона.

Каталонците немаа пари да носат засилувања, инаку ќе тргнеа по Халанд уште ова лето. Лапорта најави дека ќе се поправа финансиската состојба, па ќе се ангажираат нови имиња. Новинарот Жерар Ромеро објави дека главна мета на Барселона следното лето ќе биде Халанд.

Во договорот меѓу Халанд и Дортмунд има откупна клаузула од 80 милиони евра и Барселона тоа ќе сака да го искористи. Сепак, ако не се дојде до договор со Халанд и ако некој друг го земе пред клубот, Барселона има резервна опција.

Тоа е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина. Србинот има договор со „виолетовите“ до 2023 година, но одби продолжување на соработката. Ако калчолигашот сака да заработи, ќе мора да го продаде порано. Исто така голем е интересот за овој 21-годишник кој е хит во Европа.