Голем сајбер напад, со предупредувачка порака до Украинците „да се плашат и да го очекуваат најлошото“, е извршен врз веб-страниците на украинската влада во четвртокот вечерта (13-ти јануари). Поради тоа , некои од владините веб-услуги денеска не се достапни, а Киев отвори истрага за нападот.

„Како резултат на масовен хакерски напад, веб-страниците на Министерството за надворешни работи и на голем број други владини агенции привремено не работат. Нашите експерти веќе работат на обновување на ИТ системот“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека е премногу рано да се каже кој би можел да стои зад нападот, но рече дека „Русија стоела зад слични напади во минатото“.

Прикажи повеќе