Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) на денешниот состанок го дефинира датумот на кој ќе се одржи редовното годишно собрание. Истиот ќе се одржи на 12 март оваа година, а покрај датумот Управниот одбор денес донесе уште неколку одлуки, меѓу кои и назначување на Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Емил Божиновски.

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука редовното годишно собрание да се одржи на 12. март 2022 година во Скопје .

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука средствата од солидарната шема за развој на младински фудбал од сезона 2020/2021 во УЕФА Лига шампиони да бидат распоредени подеднакво на клубовите учесници во Прва МФЛ во сезоната 2020/2021.

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го усвои предлогот на одборот на клубови од ПМФЛ за зголемување на бројот на резервни фудбалери на записник од натпревар од седум на единаесет фудбалери.

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија констатираше дека досегашниот претседател на судискиот одбор, Емил Божиновски се повлекува од функцијата, по што го усвои предлогот доставен од судиски одбор на ФФМ и го назначи Димитар Мечкаровски за нов претседател на судискиот одбор на ФФМ. Досегашниот претседател на судискиот одбор, Емил Божиновски останува член на ова тело.