Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево одигра без победник 1:1 против Украина во натпревар од 5. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје во 42. минута Украина поведе со 1:0 со голот на Олександр Сирота. Конечниот резултат го постави Томче Гроздановски во 58. Минута.

По овој нерешен резултат, Македонците имаат освоено вкупно 6 бодови и остануваат на третата позиција. Украина со 10 бода е на втората позиција.

Од групата Х вечер на програмата , покрај овој натпревар, вечер во 20:45 лидерот на табелата Франција во Гренобл ја пречекува селекцијата на Ерменија. (МИА)