Според авторот на статијата, Фабиен Казенава, Европската унија сѐ повеќе стравува дека ќе избие вооружен конфликт на прагот на континентот – ситуацијата во регионот се вжештува поради илјадниците мигранти од Јужен Курдистан кои се собираат на Полско-Белоруската граница.

Advertisements

Варшава не ги пушта бегалците од Блискиот Исток на територијата на Европската унија, потсетува новинарот и додава дека Полска на своите источни граници распоредила околу 15.000 војници, кои им даваат поддршка на граничарите и полицијата. Според Казенава, страните меѓусебно се обвинуваат за мигрантската криза, а „радикализирањето на учесниците во конфронтацијата може да доведе до случаен инцидент со полски, литвански, летонски или белоруски војници“.

Новинарот е убеден дека на картата на Европа има уште една точка на интензивна тензија – границата меѓу Русија и Украина. Според него, во случај на војна во Донбас, Москва може да ги преземе Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР).

Според Казенав, во сценариото кое е „катастрофално“ за Киев, руската армија ќе формира тампон зона не само за заштита на Доњецк и Луганск, туку и за безбедноста на Крим.

Постои загриженост и за можна граѓанска војна во Босна и Херцеговина. Според авторот на написот, во 1995 година, крвопролевањето заврши со Дејтонскиот договор, кој ја подели државата на Федерација БиХ и Република Српска, меѓутоа, оваа кревка структура може да биде нарушена од националистичките расположенија во различни делови на земјата, заклучува новинарот.

Извор: „Ouest France“