Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, во петокот изјави дека постои опција Русија да се исклучи од глобалниот систем за плаќање SWIFT, но дека тоа го смета за последно средство.

САД и ЕУ одлучија да не ја исфрлат Русија од СВИФТ како дел од новите санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Сепак, ова прашање може да се разгледа подоцна, рече американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот.

„SWIFT е последно средство, но тоа е една од опциите што останува на маса“, изјави Ле Мер на новинарите пред состанокот во Париз со неговите колеги од еврозоната.

Пред истиот состанок, германскиот министер за финансии Кристијан Линднер рече дека „сите опции се на маса“ покрај веќе договорените.

Прикажи повеќе