Кристијано Роналдо даде неколку изјави на доделувањето на „Глоуб Сокер“ наградите во Дубаи кои одекнаа низ фудбалскиот свет.

Португалецот зборуваше за многу теми, вклучително и за неговите поранешни клубови Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, зборуваше за свите настапи во Ал-Наср и ја спореди саудиската со француската лига.

„Саудиската лига е подобра од Лига 1 (француската лига), се разбира. Обидете се да спринтирате на 38, 39, 40 степени и ќе видите. Франција го има само ПСЖ. Останатите се готови“.

Португалецот во претходните интервјуа веќе покажа дека не ја цени француската лига, а сега ги потврди тие наводи.

Французите експресно му одговрија на шпански, преку официјалниот профил на Лига 1, на социјалната мрежа „Х“.

Французите на „X“ објавија фотографија од Меси со трофејот од Светското првенство во 2022 година и во описот напишаа: „Лео Меси кога игра на 38 степени“.

Текстот Француската Лига 1 жестоко одговори на коментарите на Кристијано Роналдо е превземен од МАКФАКС.