Ветеранот Беат Фојц го победи својот швајцарски сонародник Марко Одермат на спустот на патеката Штрајф во Кицбил.

Ова е 16. победа од Светскиот куп и трета на спустот во Кицбил, со што влегува во елитната група на скијачи со хет-трик на најпознатиот спуст на светот покрај Дидие Куш (5), Франц Кламер (4), Доминик Парис (3), Франц Хајнцер (3), Карл Шранц (3), Лук Алфан (3) и Пирмин Цурбриген (3).

На лидерот во генерален пласман, 24-годишниот Марко Одермат, првата победа во Кицбил му избега за 0.21 секунди.

Честа на Австријците ја одбрани Даниел Хеметсбергер со 0.9 секунди послабо време за прв подиум во неговата кариера.

Олимпискиот шампион, Австриецот Матијас Маер повторно беше четврти како во петокот, пред Фрацузинот Жоан Кларе и победникот од петокот, Норвежанецот Александер Омот Килде.