Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го пречекува Исланд во последниот натпревар од мундијалските квалификации на кој со победа првпат во својата историја ќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 18 часот, а „црвено-жолтите“ ги очекува поддршка од трибините од околу 16.000 гледачи, колку што изнесува половичната исполнетост на капацитетот согласно Ковид-протоколите.

ФФМ на Фејсбук објави дека дресовите и целата потребна опрема е подготвена во соблекувалната. Се чека пристигнувањето на фудбалерите и натпревар за нова радост на нацијата.