Рускиот претседател Владимир Путин вети поголемо „уништување“ на Украина по саботниот напад со дрон врз зградите во Казан, за што Москва го обвинува Киев.

– Секој што ќе се обиде да уништи нешто во нашата земја, без разлика колку е мало, ќе се соочи со многу поголемо уништување во сопствената земја и ќе зажали што се обидел да и направи нешто на нашата земја – рече тој за време на официјалната церемонија, коментирајќи го нападот во саботата во Казан, на околу 1000 километри од украинската граница.

Според локалните власти, погодени се станбени згради, но нема жртви.

Украина не го коментираше нападот, ниту пак руските обвинувања.

Путин ѝ се закани на Украина со „Орешник“

Во последните неколку недели, Владимир Путин постојано се закануваше дека ќе го погоди центарот на Киев со нова и моќна ракета „Орешник“.

Поради речиси континуираните воздушни напади на руската војска, Украина се соочува со редовни прекини на струја среде зима.

Руската армија моментално забрзано напредува, особено во источниот регион на Доњецк, кој е во фокусот на борбите.

Текстот (Фото) Путин ѝ се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“ е превземен од МАКФАКС.