Ја откри познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марсио, познат по тоа што носи вести за трансфери на бројни фудбалери.

Таа е Агата Изабела, која е надалеку позната во светот како најубавата фудбалерка на планетата!

Оваа 31-годишна девојка на своите социјални мрежи повеќе наликува на модел отколку на фудбалер, а многумина се изненадени кога ќе сфатат дека таа всушност се занимава со „машки“ спорт.

Убавата Агата е членка на Венеција, а италијанските медиуми ја опишуваат како класичен играч од средниот ред, кој се потпира на храброста и силата.

– Кога бев дете, секоја топка мораше да биде моја. Дури и онаа кошаркарската. Моите родители, пак, ме носеа на хор, пијано… што подалеку од калта и потта. Идејата за девојка која игра фудбал не беше толку вообичаена. Морав да поминам многу пред да бидам прифатен да играм со момчиња на училиште – рекла оваа прекрасна фудбалерка, пренесе „Мондо“.

Прикажи повеќе