Министерството за внатрешни работи ифнормира дека денеска околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње.

При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се:
– 49 кутии со филтри за цигари,
– 70 штеки со по 10 кутии цигари,
– 19 машинки за полнење на цигари и
– 98 килограми дробен тутун.

По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ, велат од МВР./Макфакс

Текстот (Фото) Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, лишено од слобода едно лице е превземен од МАКФАКС.