Барселона има намера по секоја цена да го купи од Јувентус дефанзивецот Матијс Де Лихт, ова го тврдат медиуми од Италија и Шпанија.

Газета Дело Спорт објави дека топ приоритет е Де Лихт, откупната клаузула е 125 милиони, а во Барселона сметаат дека можат да го купат за 75 милиони евра, што малку веројатно.

Де Лихт во Јувентус дојде од Ајакс 2019 година за 85 милиони евра.