На Пеги Мексвен од Шкотска и е вратенa венчалната бурма која 50 години била сокриен во земја.

Мексвен има 86 години, а верува дека прстенот го загубила во градината додека собирала компир.

Прстенот го пронашол сосед со детектор по три дена пребарување.

-Ископав околу 90 дупки бидејќи имаше многу закопани лименки. Пребарав простор од 5.000 метри квадратни. Технологијата помага, но потреба е и среќа. Прстенот беше како нов, вели соседот Доналд Мекпи, кој го пронашол прстенот.

Пеги изјавил дека прстенот го загубила во момент кога тресела песок од ракавицата која ја носела, но дури кога влегла дома забележала дека го нема.

-Двапати бев да барам, но без успех, вели Пеги.

Нејзиниот сопруг Џон за кого се омажила во јули 1958 година починал пред неколку години. Додека не и купил нова бурма, таа го носела прстенот на нејзината мајка.