Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa.
Несреќата се случила во градот Мугла, а на терен се спасувачки екипи.
Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради густа магла.
Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот, јавуваат турските медиуми.
Muğla Eğitim ve Araştırma Hastanesi’ne helikopter çarptı. pic.twitter.com/mrBchd4znD
— Haber Pusulası (@haberpusulasi_) December 22, 2024
“Хеликоптерот се урна во болницата при полетување. Имаше густа магла, се истражува причината за несреќата. Четворица членови на нашиот персонал загинаа. Од тука полета за да замине за Анталија. Нема проблем во болницата. Несреќата се случила кога хеликоптерот излетал од пистата“, изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.
Според медиумите, хеликоптерот паднал во празен простор.
#SONDAKİKA – Muğla Eğitim ve Araştırma Hastanesi’ne çarpan bir helikopter, yakınındaki boş alana düştü. Ekiplerin olay yerinde çalışmaları sürüyor. pic.twitter.com/wTR8co3fsL
— Habertürk TV (@HaberturkTV) December 22, 2024