Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев, каде што треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и соопшти дека ќе разговараат за обновата на Украина и напредокот кон членство во Европската унија.

Advertisements

„Со претседателот Зеленски ќе направиме биланс на заедничката работа потребна за обнова и за прогресот направен од Украина на нејзиниот европски пат“, напишаа таа денеска на Твитер.

Ова е втора посета на Фон дел Лејен на Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата на 24 февруари.

Во април, таа го посети предградието на Киев, Буча, каде што беа пронајдени телата на стотици цивили по повлекувањето на руските сили, што предизвика гнев ширум светот.

Се очекува Европската комисија наредната недела да објави проценка дали Украина треба да добие кандидатски статус за ЕУ.

Прикажи повеќе