Македонскиот кошаркарски претставник во балканското натпреварување Академија ФМП беше одново совладан од израелскиот Галил, овој пат со 107-65, за втор пораз оваа сезона

Домашната екипа дуелот го реши по првото полувреме, дојде до предност од 57-26. Избраниците на Александар Петровиќ беа немоќни, против фавритот во групата, кој без проблем го приведе мечот во своја корист. Ајви и Крстајиќ имаа по 15 поени, 12 поени запиша Тодоровски.

Во следниот круг од натпреварите, за една седмица, поточно на 6. декември, Навико Академија ФМП му гостува на Левски во Софија.