Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доживеа стотици врвни трансфери за време на неговиот мандат на „Сантијаго Бернабеу“, но само еден беше наречен „трансфер на векот“ на клубот.

На прва сите ќе си посмислиме дека зборува за Кристијано Роналдо или можеби Серхио Рамос, но тоа е Тони Крос.

Искусниот играч за врска пристигна од Баерн во 2014 година и потпиша тогаш шестгодишен договор со кралевите по одличните изданија на Светското првенство во 2014 година во дресот на Германија.

Перез за 22 милиони фунти го купи Крос, кој освои бројни трофеи во Шпанија, меѓу кои две шпански титули и три Лига на шампиони. 31-годишниот фудбалер стана незаменлив во тимот, без разлика на тренерот кој раководеше со Реал Мадрид, а за Мадрид собра 330 настапи.

Агентот на Крос, Волке Струт, вели дека претседателот Перез го гледа играчот од средниот ред како еден од неговите најголеми потписи.

„Тој е неверојатно пријатна личност со одлична животна приказна“, изјави Струт за Перез за OMR-Podcast.

„Тој е голем претприемач, но останува човек. Ми кажа дека Крос е најголемиот трансфер на Реал во минатиот век“, додаде тој.