Карло Анчелоти на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид без разлика каков резултат ќе направи во Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак се споменува како нов селектор на Бразил, а шпанските медиуми открија кого би сакал Флорентино Перез на клупата на „кралскиот клуб“.

Токму поранешниот шпански репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој во моментов го предводи тимот на Баер Леверкузен е желбата на Перез.

Пред да работи во Германија беше тренер на младинскиот тим на Реал, а потоа го водеше Б – тимот на Реал Сосиедад.

Во Баер Леверкузен оствари 13 победи на 24 натпревари во сите натпреварувања, а моментно тимот се наоѓа на осмото место во Бундес – лигата и се бори за место во Европа.

Прикажи повеќе