Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави цените на влезниците за Светското првенство во Катар. Агенцијата АП, информира дека тоа се најефтините влезници уште од Мундијалот во Мексико во 1986 година.

Најефтините билети во првата фаза се продаваат по цена од 61 евро, додека во нокаут рундата нивната цена ќе изнесува 85 евра.

За споредба, пред четири години во Русија, најефтините влезници се продаваа по цена од 92 евра.

Сепак, тие најефтини влезници се наменети за локалното население и се од четвртата категорија. Влезниците за навивачите од странство се вреднуваат во три категории.

ФИФА објави дека аплицирањето за влезниците ќе се врши од 19.јануари до 8.февруари.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември.