Управниот Одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, донесе и одлука околу финалните натпревари во Купот на Македонија, во сите конкуренции.

На 1 јуни ќе играат помладите пионери и пионерите, додека на 2 јуни се закажани натпреварите во кадетските и младинските конкуренции.

Финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се игра на 18 мај, додека во машка конкуренција кај сениорите, мечот е закажан на 20 мај на Националната Арена „Тодор Проески“.

Двојките од полуфиналните натпреварите: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Љум, и Пелистер – Силекс.

Прикажи повеќе