Ајнтрахт пред 62 години во двата полуфинални натпревари во тогашниот Куп на шампиони го декласира Ренџерс (6-1, 6-3), а сега е благ фаворит против најтрофејниот шкотски клуб.

Пред 62 години, во полуфиналето на тогашниот Куп на шампиони, Ајнтрахт и Ренџерс одиграа две спектакуларни средби кои совршено се вклопуваат во изјавата на Гери Линекер дека „фудбалот е спорт со 22 играчи во кој секогаш победуваат Германците“. „Црвено-црните“ од Франкфурт во двата наврати му одржаа лекција на најтрофејниот шкотски клуб, момент кој навивачите на „сино-белите“ со задоволство би го закопале под земја за да го заборават – тој 13 април 1960 година на „Валдштадион“ беше 6:1 за момците од градот на Мајна, а потоа во реваншот на 5 мај се славеше со 6-3 и по натпреварот тимот беше испратен со овации од 70.000 луѓе. Меѓутоа, во финалето Ајнтрахт доживеа дебакл и загуби од Реал Мадрид со 7-3, иако по зборовите на Сер Алекс Фергусон кој присуствувал на тој натпревар, Ајнтрахт тогаш била најдобрата екипа која ја гледал.

Извор: gol.mk

Прикажи повеќе