Гигантот за социјални медиуми Фејсбук планира да ја ребрендира компанијата со ново име следната недела, објави денеска американскиот технолошки блог „Верж“, повикувајќи се на „добро упатени извори“.

Advertisements

Главниот извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, планирал да зборува за промената на името на годишната конференција на компанијата „Конект“, на 28 октомври, но може да се открие и порано, се вели во текстот на „Верж“.

Наводите ги истражил британски Гардијан, кој не успеал да обезбеди потврдни информации од компанијата на Цукерберг. Портпаролот на Фејсбук за Гардијан изјавил дека компанијата „не коментира гласини или шпекулации“.

Настаните се случуваат во време кога Фејсбук се соочува со значителен притисок по протекувањето на информации од страна на свиркачот Франс Хауген, кој пред американскиот Конгрес рече дека компанијата го ставила „астрономскиот профит пред луѓето“ и дека тоа им штети на децата и ги дестабилизира демократиите.

Претходно овој месец Фејсбук, Ватсап и Инстаграм исто така „паднаа“ пет часа поради наводен проблем со мрежната опрема.

Прикажи повеќе