Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се согласи да му плати на Манчестер Сити 55 милиони евра за услугите на фудбалерот од нападот на оваа екипа Феран Торес објавија британските медиуми.

Во сезоната 2020/21 шпанскиот напаѓач постигна 16 голови во 43 настапи за Манчестер сити со кој го освои англиското првенство и Лига купот и стигна до финалето во Лигата на шампиони, откако една година претходно се пресели во Премиер лигата од редовите на Валенсија за сума 20 милиони евра.

Дваесетиедногодишниот Торес оваа сезона не е на истото ниво и повеќе од два месеци отсуствуваше од терените поради фрактура на стапалото.