Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 го претстави новиот американски кошаркар Ерик Дејвис Џуниор.

193-сентиметри високиот бек пристигна од редовите на косовски Раховеци, каде што бележеше одлични партии. Дејвис потекнува од Универзитетот во Тексас, а откако не најде место во НБА на драфтот во 2018 година, реши да прејде во Европа.

Дејвис Џуниор настапуваше во Младост Земун, по што доби повик во Оринџ Академи Улм во Германија. Оваа година Американецот пристигна во Косово и заигра за Раховеци.

Феникс 2010 добива добро засилување во пресрет на втората полусезона во Првата лига на Македонија, а новајлијата одлично се снајде и презентира свежина во првенството.