Кошаркарот на Феникс Санс, Кевин Дурент ќе отсуствува најмалку две недели поради повреда на потколеницата, соопшти франшизата од Аризона.

Дурент се повреди на вчерашниот НБА натпревар против Далас (114:113). На овој натпревар постигна 26 поени.

Дурент од почетокот на сезоната во НБА во просек бележи 27,6 поени, 6,6 скока и 3,4 асистенции по натпревар.

Во досегашниот дел од сезоната, Феникс оствари осум победи и еден пораз.

Текстот Феникс две недели без Кевин Дурент е превземен од МАКФАКС.