Поранешниот хрватски тенисер и моментно тренер на Швајцарецот Роже Федерер, Иван Љубичиќ, зборуваше за здравствената состојба на својот штитеник. Хрватото зборуваше за сосотјбата на Швајцарецот, откако претходно Федерер изјави дека е под голем знак прашалник неговиот настап на Вимблдон.

-Ве уверувам дека нема потреба да се сомневате во искреноста на Федерер. Тој што ќе каже, нема потреба да барате меѓу редовите. Кажува како што е, некогаш избира и да избегне јавно да открие детали, или како сега опишува совршено.

Моментално Роже се наоѓа во фаза на рехабилитација. Во јануари ќе започне со физички подготовки, додека тенисот ќе почека. Враќањето на турнејата на АТП е далеку, не можеме да одредиме датум. Постои надеж дека ќе заигра на Вимблдон, ама прерано е да се зборува за тоа, изјави Љубичиќ.

Последен тениски меч на Федерер беше четвртфиналето токму на Вимблдон, каде што беше елиминиран од Хуркач. Искусниот тенисер заздравува и се надева дека ќе се врати на терените пред да дојде време за крај на кариерата.

Федерер во својата кариера има осовено 20. грен слем титули, исто колку што имаат и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Сепак, светскиот тениски рекет број еден и шпанскиот тенисер имаат златна шанса да ја надминат оваа бројка уште на Австралија опен, во јануари наредната година.