Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер проговори за тоа кога е најдобро време да ја заврши кариерата.

– Не постои вистински момент! Но, јас би сакал сам да го изберам. Сигурен сум дека ќе разберам кога ќе дојде време за тоа. Не се плашам од животот по кариерата. Транзицијата ќе биде лесна, изјави Федерер за швајцарскиот дневен весникот „Блик“.

Претходно, тренерот на тенисерот изјави дека Федерер најверојатно ќе го пропушти Австралија опен, кој ќе се одржи на почетокот на 2022 година.

Четириесетгодишниот Федерер е 20-кратен освојувач на Грен слем, носител на олимписки сребрен медал во сингл (2012) и олимписки шампион во двојки (2008).