Три дози антивирусна вакцина се „оптимални“, иако две дози Pfizer или Modern, односно една доза Џонсон и Џонсон, остануваат дефиницијата на американската влада за „целосно вакцинирани лица“.

Ова денеска го изјави водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи.

„Официјално, две дози РНК вакцина или една доза Џонсон и Џонсон сè уште го претставуваат официјалниот став за тоа што е потребно за некој да биде целосно вакциниран“, рече Фаучи, пренесе Ројтерс.

Водечки имунолог во САД посочува дека кога се гледаат податоците, станува се појасно дека доколку човек сака да биде оптимално заштитен, треба да прими бустер доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.