Нафтена рафинерија во градот Кременчук во центаралниот дел на Украина – е целосно уништена во руски напад, изјави на локалната телевизија гувернерот на областа Полтава, пренесува новинската агенција Ројтерс.

„Пожарот во рафинеријата е изгаснат, но објектот е целосно уништен и повеќе не може да функционира“, изјави Дмитро Лунин.

Весникот Киев Индипендент објави на Твитер дека ракетниот напад на 1 април ја уништил рафинеријата за нафта – најголемата во Украина.

Прикажи повеќе