Германската ракометна репрезентација славеше со убедливи 30-23 во мечот против Полска, па така со три победи ја заврши групата Д на првото место, додека Исланд во драматичен натпревар ја совлада Унгарија со 31-30 и така го елиминираше кодомаќинот од Европското првенство (ЕП).

Елисон и Магнусон беа најдобри во победничкиот тим со по девет погодоци, додека на спротивната страна за Унгарија најефикасен беше Банхиди со шест гола.

Со оваа победа Германија пренесва максимален број на бодови, како и Шпанија и Русија, а Полјаците, заедно со Шведска и Норвешка а се селат во Братислава без ниту еден освоен бод.