Привремениот прекин на огнот меѓу Русија и Украина поттикна многу Украинци кои беа блокирани во областите каде што се водеа борби, да побегнат во побезбедни држави или градови во последните денови. Десетици Украинци денеска го нашуштија Ирпин .
Овој мост е оштетен од нападите изминатите денови. Илјадници луѓе влегоа во Киев последните денови, од кои многумина беа испратени со комбиња на железничката станица за понатамошна евакуација со воз во западна Украина.

„Денес (овде) немаше експлозии, но четири дена сме без греење, струја, вода и без мобилна мрежа“, изјави Иван- украинец.

Тон: Цивил од Украина „Тоа што се случува во Буча е страшно. Зошто, зошто, зошто ни се случува ова? Зошто да станеме бездомници?“

Студеното време им го отежнува патувањето.

„Да, беше малку страшно кога ја преминав реката. Имаше пукотници, беше страшно да се помине реката бидејќи имаше поплава. Освен тоа пукаа од страната на селата Стојанце и Буча“, рече еден цивил од Украина.

Помошникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко во средата објави неколку видеа на кои се прикажани колони возила кои се подготвуваат да евакуираат цивили и да достават хуманитарна помош во опколените области.

Руското министерство за одбрана соопшти дека одлуката за привремен прекин на огнот за евакуација на цивили од Киев, Харков, Черних и Мариупол стапила на сила во 10.00 часот по московско време. Според официјални лица на Обединетите Нации, бројот на бегалци достигна на 2 милиони луѓе.

Број на украински бегалци во европските земји според ОН:

Полска – 1 204 403
Унгарија – 191.348
Словачка – 140 745
Русија – 99 300
Молдавија – 82 762
Романија – 82 062
Белорусија – 453
Други европски земји – 210.239

Еви Шкопи