Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и член на преговарачката делегација Михајло Подољак денеска изјави дека е подготвен за „тешка дискусија“ со Русија во пресрет на денешната четврта рунда преговори по руската инвазија врз Украина.

„Четвртата рунда преговори. За мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции.Ни претстои тешка дискусија“, напиша насоцијалната мрежа Твитер Подољак, водечкиот украински преговарач во разговорите.

„Иако Русија ја сфаќа бесмисленоста на своите агресивни дејствија, сепак има заблуда дека 19-дневното насилство врз мирните [украински] градови е вистинската стратегија“, додаде тој.

Четвртата рунда дискусии денеска ќе се одржи преку видео-врска, по трите претходни состаноци кои се одржуваа со физичко присуство. Денешната рунда преговори доаѓа во услови кога Русија ги интензивира нападите низ Украина.

Прикажи повеќе