Украинската влада воведе нов полициски час за Велигденскиот викенд поради предупредувањата од властите за зголемена руска воена активност за време на празничните прослави.

Advertisements

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, го објави полицискиот час пред малку. Полициски час ќе стапи во сила денеска во 19 часот по локално време и ќе трае до утре недела до 5 часот изутрина по локално време, и тоа  во регионите Донецк, Луганск, Харков, Запорожје, Миколаев и Керсон, во кои има активни борби.

Во другите региони на Украина, вклучително и главниот град Киев, полицискиот час ќе трае од 23 часот вечерва по локално време до утре недела до 5 часот наутро.

Претходно оваа недела, властите во регионите Луганск и Суми ги повикаа жителите да присуствуваат на виртуелна велигденска црковна служба преку Интернет, велејќи дека може да се случат можни руски „провокации“ и дека во воените дејствија се уништени многу цркви. (Си-Ен-Ен)

Прикажи повеќе