Украина самата ја води Третата светска војна за цела Европа, вели во своето вечерашно гостување во “Емисија 200“ за Алсат Тамила Велковска, претставничка на украинската заедница во Македонија. Како што вели таа, иако поддршка за Украина доаѓа безмалку од целиот свет, на теренот војната ја водат Украинците сами.

„Нас ни е мило што нѐ поддржуваат не само Вашингтон туку и целиот свет, на секој можен начин и тоа многу ни значи. Но, низ социјалните мрежи во Украина се шири една изрека, дека Украина сама води Трета светска војна за целата Европа. Така што и јас сум со тој став. Ние се бориме за цела Европа. Иако нѐ поддржуваат ние сме сами“, вели Велковска.

Прикажи повеќе