Украина донесе одлука да ги прекине дипломатските односи со Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски на брифинг.

„Ги прекинавме дипломатските односи со Русија“, рече тој.

Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

Прикажи повеќе