Голема фудбалска трагедија се случила на Бермудите. Фудбалерот Осаџи Баском (23) почина откако бил прободен со нож. Тој со приватно возило бил пренесен во болница со повеќе убодни рани на кои набрзо им подлегнал. Истрагата е во тек.

Баском настапуваше за помладите категории на Астон Вила, Валенсија, Леванте и на Бристол Сити, а од минатата сезона како напаѓач настапуваше за нисколигашот во Англија, Дарлингтон. Тој го напушти клубот во февруари 2021 година.

За националниот тим на Бермуди одигра 18 натпревари и постигна еден гол.