Тотенхем е елиминиран од Конференциската лига, соопшти УЕФА. Натпреварот од последното коло од групната фаза меѓу Тотенхем и Рен беше одложен поради големиот број на заразени фудбалери со Ковид-19 во англискиот тим и се чекаше конечната одлука за овој натпревар.

Ждребот се одржа и покрај тоа што не се знаеше кој помина понатаму. Сега е официјално – Тотенхем нема време да го закаже овој натпревар до февруари, УЕФА пресече и донесе одлука. Витесе оди понатаму, во елиминациската рунда.

Рен, всушност, го доби со службен резултат натпреварот против Тотенхем (0-3), а тоа значи дека Витесе помина во следната рунда. Така, холандскиот клуб ќе игра во плеј-офот од Конференциската лига, додека европската приказна на Тотенхем е завршена на „зелена маса“.