Кошаркарот на  Кливленд, Рики Рубио, доби ужасна вест и нема да може да биде на терените до крајот на сезоната поради тешка повреда на лигаментите.

Шпанецот кој има 31 година ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека пауза од седум до девет месеци.

Ова е голем проблем за Кливленд затоа што претходно и другиот плејмејкер Колин Секстон доживеа тешка повреда.