Човекот кој ноќта меѓу вторникот и средата беше претепан до смрт на улицата Косовска во центарот на Нови Сад е познатиот уличен музичар, 61-годишниот Кристијан Костиќ Блеки, јавува локалниот портал 021.rs.

Набргу по инцидентот, 21-годишниот Ж. Р.од Жабља. Младиот човек е осомничен дека го претепал Костиќ со раце и нозе, а музичарот од повредите починал во Клиничкиот центар во Војводина.

Веста за смртта на Костиќ ги шокираше неговите колеги и многу жители на Нови Сад кои речиси секој ден можеа да го слушаат и да го видат како свири гитара во центарот на Нови Сад.

Имено, новосадската брза помош во пет часот утрото добила повик дека на улица Косовска, пред број 7а, се наоѓа маж во бесознание. Екипа на Брза помош на лице место го згрижила повредениот и го пренела на одделението за интензивна нега, каде набргу починал. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен кај вишиот државен обвинител во Нови Сад.

Прикажи повеќе