Патник е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу, откако една жена го обвини за силување за време на ноќниот лет од Њу Џерси до главниот град на Велика Британија.

Жената рече дека 40-годишен маж ја нападнал додека другите патници спиеле на трансатлантски лет на 31 јануари, јавува Би-Би-Си.

Полицијата се качила на авион на Јунајтед ерлајнс веднаш штом слетал и уапсила маж кој сега е под истрага. Портпаролот на лондонската полиција изјави дека биле известени за инцидентот за време на летот.

Прикажи повеќе