Кошаркарите на ТФТ Скопје го претрпеа првиот пораз во оваа сезона во кошаркарската БИБЛ лига и тоа од тимот на Академик Пловдив од Бугарија.

Нашиот претставник беше рамноправен ривал, а како пресудна се покажа последната четвртина односно серијата на противникот од 8-0.

Хортон со 13 и Сапунџиев со 11 беа единствените двоцифрени играчи кај ТФТ, додека кај победникот Секулов и Гугињо дадоа по 19 поени и со тоа придонесоа Академик да ја продолжи серијата, максималниот учинок (четири од четири).

foto: gol.mk