Кошаркарите на ТФТ ја запишаа шестата победа во домашното првенство, откако на домашен терен славеа против Кожув со 101:84, во рамки на 12. коло во Првата лига.

Кожув подобро го започна мечот и првата четвртина ја доби со 28:20, но домаќинот потоа се мина во знакот на домаќинот. ТФТ го доби вториот период со 33:15 и потоа до крајот на мечот ја имаше резултатската контрола.

Сега ТФТ има скор од шест победи и исто толку порази и се наоѓа на 8. позиција на табелата, додека Кожув со скор од 5-7 е деветти.