Кошаркарите на ТФТ од Скопје стигнаа до петтиот триумф оваа сезона откако рутински го совладаа градскиот ривал Ангели со 78-67.

Првото полувреме помина во егал, а домаќините иако беа фаворити на пауза заминаа само со предност од еден поен (29-28).

Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во вториот дел во кој со добро тимот од Тафталиџе до крајот стигна до рутински триумф од 78-67.

Александар Костоски со 21 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Ајзеа Мендерсон заврши со 18 поени.