Турските сили започнаа нова копнена и воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во северен Ирак, објави рано изутрината турскиот министер за одбрана. Турските воени авиони и артилерија нападнаа цели на Курдистанската работничка партија (ПКК), пред командосите – поддржани од хеликоптери и беспилотни летала – да преминат во соседниот регион, рече министерот за одбрана Хулуси Акар во видео објавено на веб-страницата на министерството. Акар тврди дека авионите „успешно“ погодиле засолништа, бункери, пештери, тунели, складишта за муниција и штабови на ПКК.

Прикажи повеќе