Напаѓачот Ромелу Лукаку се уште сака да се врарти во Интер, и хаосот во Челзи може да му го олесни враќањето во италијанскиот тим. „La Gazzetta dello Sport“  пренесува дека мора да се исполнат три услови за да се врати белгиската ѕвезда кај „нераѕурите“.

Првата е дека Челзи ќе мора да биде продаден од британската влада во наредните месеци, со што ќе се овозможи заминување на Марина Грановскаја. Таа најверојатно нема да потпише заминување од Лукаку, 12 месеци по доаѓањето на белгиецот.

Вториот услов е дека Челзи мора да биде подготвен да го врати во Италија на позајмица. Причината за ова е што миланскиот клуб не е во можност да направи голема финансиска инвестиција.

Крајниот услов е Лукаку да мора да го прифати намалувањето на платата. Тој во моментов заработува околу 12,5 милиони евра нето по сезона со Челзи, бројка која Интер очигледно не може да ја израмни. Претходната плата на Лукаку кај Интер беше 7,5 милиони евра нето, плус бонуси.

Прикажи повеќе